ФОТО | Дали ова ќе биде најбарана фризура во 2023? Сите зборуваат за косата на популарната Венсдеј

Џена Ортега / Фото: Инстаграм/Џена Ортега

Таа преку ноќ се прослави со улогата на Венсдеј во истоимената серија , а сега почна да диктира трендови.

Токму кога помисливме дека 2022 година ќе ја завршиме со серијата „Wednesday“ и ќе заборавиме на опсесијата со актерката Џена Ортега до следната сезона, таа ни даде уште една причина за копирање.

Оваа фризура го освои целиот свет

Играјќи ја Венсдеј, младата актерка инспирираше многумина со својот готски стил. Темната коса, плетенките и густите кркми станаа сè попосакувани во светот на убавината.

Само неколку недели откако му објасни на светот како Тим Бартон пред снимањето ѝ ги мести кркмите за „секое влакно да биде на своето место“, Џена се одлучи за драстична промена, која ја сподели со своите обожаватели на својот инстаграм-профил.

Нова фризура „волк стил“

Долгата темна коса, која е нејзин препознатлив знак уште од времето кога глумеше во серијата „Jane the Virgin“, Џена ја скрати на кратка слоевита фризура, ишарана со костенливи прамени.

За таканаречениот „волк стил“ е заслужен фризерот на славните ѕвезди Дејвид Стенвел.

Новиот изглед го откри гостувајќи во хит-емисијата

Џена го претстави својот неочекуван нов имиџ во шоуто на Џими Фелон, каде што зборуваше за танцовата сцена од серијата „Wednesday“, која самата ја осмислила.


Новата фризура, нејзиниот шминкер ја надополнил со драматична сина сенка за очи, додека Џена за телевизиското гостување избрала проѕирна креација на модното дуо „Долче и Габана“.

Гледачите на емисијата, исто како и нејзините обожаватели, со воодушевување ја дочекаа промената на имиџот на талентираната актерка.

Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот