Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Инстаграм

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Wednesday“ – серија на Нетфликс

Серијата ја следи Венсдеј Адамс на академијата „Невермор“, каде што таа се обидува да ги совлада своите психички способности и да ја реши мистеријата што ги следи нејзините родители во последните 25 години. Покрај тоа, таа се обидува да ги реши проблемите со кои се соочуваат тинејџерите на нејзината возраст.

Жанр: хорор-комедија / „IMDB“ оценка: 8.5 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 71%

„The Swimmers“ – филм на Нетфликс

Две сестри од Сирија го напуштаат својот дом во Дамаск, кој е разурнат од војна, пливајќи со часови во немирното Средоземно Море за да стигнат до Грција како баратели на азил, пред да продолжат да се натпреваруваат на Олимписките игри во Рио.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.5 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 78%

„Gossip Girl“ – серија на Ејџ-би-о

После скоро една декада откако оригиналниот веб-сајт на Озборувачка е затворен, нова генерација тинејџери од Апер Ист Сајд се воведени во непростливата и трансформирачка реалност на постојаното социјално надгледување.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 5.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 69%

„Kimi“ – филм на Ејџ-би-о

Агорафобична технолошка работничка открива снимка од насилен криминал и се обидува да ги пријави на претпоставените. За да го истражи злосторството, таа сфаќа дека можеби ќе треба да го напушти својот стан.

Жанр: мистерија / „IMDB“ оценка: 6.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 92%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот