ФОТО: Црни шорцеви на плажата Катерини ги подгреаа надежите за пронаоѓање на Мартин

Од шорцевите остана само фотографијата/Фото: Voria.gr

Граѓанин на плажата Катерини пронајде шорц заплеткан во алги, го фотографирал, но не го задржал, поради што спасувачите вчера го бараа подолго време но не го пронајдоа.

Потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски, на Халкидики се уште трае. Тој исчезна пред 13 дена од плажата Мити во Посеиди, додека неговите двајца пријатели Васил и Иван се спасени. Надежите за пронаоѓање на нови траги од момчето од Скопје ги подгреа вчерашното откривање на црн шорц, сличен на оној кој Мартин го носи на последната негова фотографија, направен на денот на исчезнувањето, 9 јули, во водите на Егејското море.

Граѓанин кога ги видел шорцевите, заплеткани меѓу алги на плажата Катерини направил само фотографија од нив, но не ги задржал за да се проверат, па спасувачите од ОФКАТ вчерашниот ден го поминаа во потрага по изгубените шорцеви за капење, но не ги пронајдоа, зошто веројатно брановите ги одвлекле понатаму.

„Човекот ми ја испрати фотографијата со костим за капење меѓу алги, но за жал не ги задржал. Пристигнавме на самото место и со помош на спасувачкиот тим Пиерија – ДОП, кој ни го даде чамецот, ја пребаравме областа до делтата Аксиос, но залудно“, изјави Христор Рамос, шеф на спасувачката служба ОФКАТ.

Шорцеви на плажата Катерини/Фото: OFKATH, Greece

Конкретно, потрагата на спасувачите со чамецот била ориентирана кон Коринос, Пидна, Аликес Китроу до устието на Аксиос покрај морето, но никаков знак од Мартин не бил пронајден.

Но, оваа фотографија беше доволна семејството да верува дека е на Мартин. „Кога го видела мајката на 31-годишниот, рече дека личи на костимот за капење што го носел Мартин“, истакна шефот на ОФКАТ.

Досегашната потрага по Мартин во која се вклучени освен грчките крајбрежни служби со спасувачи, бродови и дронови, на Халкидики се мобилизирани и македонски граѓани кои доброволно се вклучија во потрагата.

Досега сите потраги се неуспешни, но активни.

ВИДЕО од спасувањето на скопјанецот на Халкидики: Се трага по неговите двајца пријатели со кои славеле роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот