ВИДЕО од спасувањето на скопјанецот на Халкидики: Се трага по неговите двајца пријатели со кои славеле роденден

Спасување на македонски државјанин на Халидики, се трага по две лица од Скопје/Фото: Скриншот

Тројца пријатели од Скопје по роденденската забава решиле да скокнат во морето кај Посеиди на Халкидики. Едниот бил пронајден жив неколку часа подоцна, со помош на сурфери, но другите двајца се исчезнати.

Момчињата, кои најверојатно конзумирале алкохол, за неколку секунди исчезнале на отворено море, а очевидците не успеале да им помогнат. На плажата се огласил аларм. Биле известени крајбрежната стража и воздухопловните сили кои ангажираа хеликоптер, јавуваат грчките медиуми.

Рибарски брод, патролен чамец на крајбрежната стража, полициски хеликоптер и два приватни чамци тргнале во потрага по исчезнатите лица на возраст од 20 и 23 години, а целата операција ја раководел Заедничкиот координативен центар за пребарување и спасување, пишува „Катемерини“.

По повеќечасовно пребарување, еден од тројцата исчезнати државјани на Северна Македонија е лоциран. Според зборовите на спасувач-волонтер, пливачот бил пронајден во лоша состојба, бидејќи испил многу вода, но бил пренесен во болница и е надвор од животна опасност.

Како што може да се види на видеото од newsit.gr, хеликоптерот на воздухопловните сили постојано кружи над плажата, но засега не наоѓа никакви траги од двете исчезнати момчиња.

Опасно поради струја

Градоначалникот на Касандра за newsvit.gr вели дека тројцата мажи скокнале во водата на место кое е опасно поради струјата.

– Мештаните го знаат ова место и го избегнуваат, но не и некои од туристите – рекол првиот човек на Касандра и додал:

– Бев на лице место и ме известија дека се работи за тројца момци од Скопје. На едниот му било роденден и таму славеа. Тие решија да пливаат во најлошиот, најтешкиот дел од областа.

Во ова подрачје дува ветер со јачина од 5 до 6 бофори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот