ВИДЕО | Братот на Мартин Јовановски: Потрагата е скапа, но не можам да си одам дома без брат ми

Фото: Фејсбук

Поминаа десет дена од потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски. Неговото семејство, кое досега учествуваше во потрагата, вели дека за понатамошното барање ќе им бидат потребни повеќе финансиски средства кои тие не можат да си ги дозволат.

Во снимката која ја објави командантот на грчката спасувачка служба, Горан Јовановски, братот на Мартин, побара помош од добрите луѓе и од грчката влада за да продолжи потрагата.

„Како што веќе сите знаете, ние го бараме брат ми веќе десет дена, но без резултати. Потрагата по мојот брат станува многу скапа и нашето семејство не може да си ја дозволи повеќе.

Јас и моето семејство сме заглавени во странска земја, каде што не го зборуваме (грчкиот) јазикот. Не можам да си одам дома без брат ми. Не можам да ѝ кажам на мајка ми дека треба да се одиме без брат ми. Затоа уште еднаш ја молам грчката Влада да ни помогне“, изјави Горан Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот