ФОТО | Чопор улични кучиња кај „Сити мол“, карпошани тврдат дека се донесени од друга локација
Независната советничка во Општина Карпош, Татјана Стојановска, сподели фотографија од паркчето спроти трговскиот центар „Сити мол“ каде можат да се забележат повеќе од десет улични кучиња, за кои таа тврди дека се донесени од друга локација.
Препорачано
Како што вели, веднаш штом ги забележала кучињата се обидела да ги контактира ЈП „Лајка“, но оттаму не одговориле.
Спроти Сити мол, денес. ЈП „Лајка“ – Скопје е известена, но дека недела, на телефон не одговараат. Еве ви прилика и Сејф Сити да се искористи, денес се донесени или вчера вечер – вели Стојановска.
Во многубројните коментари на објавата, граѓаните укажуваат дека на повеќе локации низ Карпош има проблем со бездомни кучиња, бараат решение и бараат надлежните да се ангажираат и да ги окријат и казнат оние што веќе подолго време истовараат кучиња во Скопје од други градови.
Проблемот е вакво правење на глутница со кучиња што се носат од други места, исплашени, гладни, заедно трауматизирани. Да, проблем се, но и самите имаат проблем. Луѓето ја креираат оваа ситуација, а државата не ја решава. „Лајка“ и да сака, не може да постигне за сите кучиња кои се носат од страна, нестерилизирани, за сите кучиња кои се испуштаат на улица поради немање контрола на домашните миленичиња. Ова е недозволиво, но не од аспект, ај ќе ги убиваме сега. Решение мора да се најде што побрзо, и притисок од јавноста е неопходен, ама преземање мерки на своја рака е лудост – вели Стојановска одговарајќи им на граѓани кои предлагаат нехумано решение за проблемот со кучињата.


