ФОТО | Четири неверојатни фустани со кои Кјара Ферањи испрати моќни пораки до сите жени

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Кјара Ферањи е една од највлијателните инфлуенсерки и модна блогерка, не само во родната Италија, туку и во целиот свет. Кјара ја имаше честа да се појави во улога на водителка на најпрестижниот музички фестивал „Санремо“. Фестивалот, кој опстојува веќе 72 години и е најдолготраен во светот и еден од најдолговечните телевизиски проекти воопшто, оваа година приреди шокантно модно издание за сите кои го следат. Ферањи ја искористи оваа прилика да испрати конкретни моќни пораки преку изборот на четири модни креации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)


Убавата Италијанка во улога на водителка вечерта се појави во четири модни изданија, сите потпишани од „Диор“, едно од најголемите имиња во модниот свет. Креациите се направени во соработка со Кјара и нејзината стилистка Фабија Матија Домато. Првиот изглед беше гламурозен, елегантен и раскошен црн фустан инспириран од традиционалниот гламур на „Диор“, искомбиниран со долги ракавици, но акцентот беше ставен на белата наметка на која имаше испишан моќен слоган „Pensati libera“ или „Изрази се слободно“. Модната блогерка и модел ја објасни пораката како манифест кој се надева дека ќе ги инспирира жените да се чувствуваат слободно, да излезат од улогите кои им ги наметнува општеството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)


Најголем шок кај публиката предизвика нејзиниот „гол“ изглед, односно фустанот кој создава илузија на голотија. Кјара на сцената се појави во проѕирен фустан на кој беше исцртана силуета на женско голо тело. Од креативниот тим кој го изработил фустанот ја објаснуваат пораката која сакале да ја испратат, дека треба да се сврти вниманието кон вистинската вредност на жените, и да се ослободат од срамот кој потекнува уште од првата жена на светот – Ева.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Кјара одржа моќен говор додека насебе го носеше овој фустан во кој се обраќа до себеси кога била мала, па порача:

„Телото на жената никогаш не смее да предизвика омраза или срам. Здраво малечка. Одлучив да ти напишам писмо, а секојпат кога мислам на тебе ми се плаче, можеби затоа што ми недостасуваш, а можеби затоа што сакам да те поканам да видиш каква сум денес. Убаво е чувството кога голем број луѓе ти се восхитуваат, но, знаеш, не ме сакаат сите луѓе.

Сакаш да знаеш нешто за иднината? Отсекогаш се трудев да те направам горда.

Сѐ што направив, направив за тебе, за малото девојче што некогаш бев и во сѐ што правев постоеше мислата дека тоа не е доволно.

Сакам да ти кажам дека треба да знаеш дека ти си доволна, секогаш си била па дури и тогаш кога не си се чувствувала како доволно добра, доволно силна, доволно убава, тогаш си била таква.

Најголемите предизвици се во нашите глави и со самите себе. Уживај во ветрот, уживај во миговите, плачи, налути се, викај ако мораш.

Еден пријател ми рече дека никој не сака да оди на рамен ролеркостер. Живеј без страв дури и кога стравот ќе те обземе толку многу пати, што нема да знаеш кој пат е по ред, но ако нешто те плаши, тогаш сигурно е вистинското…“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Третата креација во која блесна Кјара е бел фустан на кој со црни бисери беа извезени дел од многуте навредливи пораки што таа ги добила на социјалните мрежи, а се поврзани со нејзиниот изглед. Елегантен фустан кој носи голема тежина на себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

„Идејата за везењето на овие црни зборови на бело платно е како книга да ја раскаже приказната за безвредното незадоволство против кое мора да се бориме секој ден.

Со овие сексистички фрази на Сан Ремо сакаме да ги потсетиме сите да не обрнуваат внимание и да не им дозволиме на хејтерите да нѐ онерасположат затоа што единствено е важно мислењето само на оние што навистина нè сакаат“ – стои во описот на фотографиите на овој фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Во последната креација Кјара позираше заедно со нејзината ќеркичка стилирана во идентична креација. Името на креациите е „кафез“ и симболизира надеж и желба за oслободување на новите генерации од родовите стереотипи во кои жените често се чувствуваат заробени.

„Овој фустан ја претставува надежта за кршење на конвенциите наметнати од патријархатот. Надеж што ја полагаме во денешните девојки кои ќе бидат утрешни жени. Ова е желба на мајка за нејзиното мало девојче, кое конечно може да извика Викторија!“ – пишува во описот на креациите.

ВИДЕО | Скандал на „Санремо“: Пејач ја уништи сценографијата со илјадници рози поради технички проблем

Таа е најмоќната инфлуенсерка во светот и носи чанта од 432.000 долари!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот