ВИДЕО | Скандал на „Санремо“: Пејач ја уништи сценографијата со илјадници рози поради технички проблем

Бланко на „Санремо“ / 7 февруари 2023 / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Познатиот италијански пејач Рикардо Фабрикони, попознат како Бланко, се однесуваше скандалозно за време на неговиот настап на  фестивалот „Санремо“. Младиот музичар, кој инаку лани ја претставуваше Италија на Евровизија, беше испратен од сцената со гласни свирежи од целиот театар Аристон.

Бланко кој важи за еден од најпопуларните италијански уметници имаше технички проблеми за време на настапот.

Водителот на „Санремо“ и Бланко / 7 февруари 2023 / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Револтиран од техничкиот проблем тој почна да ја демолира сценографијата од илјадници со рози, креирана специјално за неговиот настап и неговата нова песна. По скандалозното однесување на Бланко, сцената беше целосно уништена.

„Убавата работа во музиката е што не морате секогаш да го следите шаблонот. За жал, не се слушав во слушалките, не можев да си го слушнам гласот, но сепак се забавував“, рече пејачот пред публиката и водителот кој по неговото скандалозно однесување со страв му пријде.

Повеќе вести за „Санремо“:

Италија во шок: Светски познатата инфлуенсерка на „Санремо“ се појави „гола“ на сцената

Четири неверојатни фустани со кои Кјара Ферањи испрати моќни пораки до сите жени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот