ФОТО | Брижит Макрон – Кралица на добриот стил: Вака без грешка се носи темносината боја од глава до пети!

Фото: Профимедиа

Првата дама избра многу едноставна и децентна модна комбинација за оваа прилика…

Во Париз беше одржан Самитот на меѓународната заедница и африканските лидери на кој се расправаше за финансиската помош за осирамашените африкански економии.

Францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на Самитот на кој покрај европските и африкански челници учествуваа и претставници на големите меѓународни организации.

Фото: Профимедиа

Со сопругата Брижит Макрон тој организираше и свечен примем за сите учесници кој се одржа во Елисејската палата, официјалната резиденција на францускиот претседател.

Првата дама избра многу едноставна и децентна модна комбинација за оваа прилика.

Елегантнтниот миди фустан со крој со висок околувратник го комбинираше со класични салонки од превртена кожа.

Фото: Профимедиа

Брижит и Емануел всушност го усогласија својот моден избор така што и двајцата беа облечени во темносина боја.

Темносината боја се смета за една од најраспространетите неутрални бои и важи за боја која можете да ја комбинирате со секоја нијанса. Многу дами всушност не ја сакаат црната боја или пак сметаат дека таа е пресериозна за одредени пригоди.

Фото: Профимедиа

Во таквите ситуации тие слободно избираат темносина боја која зрачи со елеганција, а визуелно е малку „полесна“ од црната.

Дали ви се допаѓа ова издание на првата дама на Франција?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот