ФОТО | Бритни Спирс се смири со мајка си по 14 години: Пејачката ги откри деталите од средбата

бритни спирс
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб

Поп-принцезата Бритни Спирс со години е во лоши односи со своите родители, а иако нема знаци дека ќе се смири со својот татко, кој со години ѝ беше законски старател, се чини дека односите со нејзината мајка добија пресврт за подобро.

Бритни сега на Инстаграм отворено рекла како се чувствува откако ја посетила нејзината мајка Лин Спирс.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Мојата слатка мајка ми се појави вчера на врата по три години, помина толку многу време. Со семејството секогаш има работи што треба да се решат, но времето ги лекува сите рани. Среќна сум што можам да го споделам она што го држев исклучително долго, се чувствувам толку благословена што успеавме да се обидеме да ги поправиме работите. Те сакам многу. Многу сум благословена што можеме да испиеме кафе заедно по 14 години“, напишала Бритни покрај фотографијата од себе кога била мала.

Таткото на Бритни, Џејми, беше нејзин старател 13 години и ги контролираше, како нејзиниот приватен живот, така и нејзините финансии. Старателството заврши во ноември 2021 година.

2 БРИТНИ СПИРС И ЏЕЈМС СПИРС
Фото: Instagram

Бритни не ја поканила мајка си на венчавката: Лин Спирс се огласи на „Инстаграм“

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила

ВИДЕО | Нов документарец за Бритни Спирс открива бизарни детали од животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот