ФОТО | Бремената Адријана Лима пристигна во Кан во тесен комбинезон и штикли

Фото: Профимедиа

Светскиот топмодел Адријана Лима (40) во придружба на своето момче, филмскиот продуцент Андре Лемерс, пристигна на аеродромот во Ница, од каде се упати во Кан, во пресрет на отворањето на 75-тиот Филмски фестивал.

Бремената манекенка го покажа својот сè поголем труднички стомак во црн, тесен комбинезон, кој го комбинирала со бел капут и големи очила за сонце. Убавата манекенка, притоа, немала ниту грам шминка на лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima Brasil (@adrianalimabra)


И покрај напредната бременост, Адријана не се откажала од високите потпетици, па уште повеќе ги издолжила нозете во елегантни сандали.


Лима е чест гостин на светската филмска фешта, Канскиот фестивал, кој почнува денеска.

Инаку, моќната двојка се појави на црвениот тепих на премиерата на новата мини серија „Понуда“ во Лос Анџелец минатиот месец, откако на Инстаграм објавија дека чекаат машко дете.

ФОТО: Адријана Лима во прегратка со новото момче

ВИДЕО | Апсолутно симпатично: Адријана Лима го откри полот на бебето

ФОТО | Адријана Лима прошета со гол труднички стомак: Манекенката одушеви со стомачните мускули

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот