ФОТО: Бразилска адвокатка ќе ја наследи фудбалската „империја“ на Мино Рајола!

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ со агентот Мино Рајола/Фото: Youtube/принтскрин/Goal 90

Бразилската адвокатка долго време беше „десна рака“ на Мино Рајола, а сега таа ќе ја продолжи неговата работа додека додека неговите деца не решат дали ќе тргнат по стапките на нивниот татко.

Смртта на Мина Рајола, најмоќниот агент во светот, отвори многу прашања во светот на фудбалот, пред сè што ќе биде со неговите клиенти, меѓу кои се и едни од најпопуларните и најбараните фудбалери во светот.

Според италијанските медиуми, фудбалската империја на Мина Рајола ќе ја наследи неговата долгогодишна пријателка, адвокатка од Бразил, Рафаела Пимента, кој со Рајола се познаваше 18 години.

Сега Бразилката е на врвот на пирамидата на поранешната „империја“ на Рајола вредна стотици милиони евра. Само со неа Рајола сакаше да ги подели акциите на компанијата. Тие се запознале во Бразил во 2000 година. Дипломирала право во 1995 година и рано почнала да работи во антимонополски тим основан од тогашниот претседател Фернандо Енрике Кардозо. Рафаела зборува шест јазици, а во срцето секогаш имала една страст – фудбалот.

Кој беше Мино Рајола: Почна како келнер, го смируваше Ибра, зборуваше 7 јазици..!

Токму таа им помогна на славните бразилски фудбалери Ривалдо и Сезар Сампајо да го основаат фудбалскиот клуб „Гарантингета“, кој подоцна беше распуштен во 2017 година. Рајола и таа се запознале за време на лансирањето на проектот и подоцна останале во контакт.

Мино инсистираше таа да се пресели во Монте Карло, каде што живееше и од каде што ја водеше работата, за да стане негова „десна рака“.

Сега сè е во нејзини раце, додека децата на Рајола, Марио и Габриеле, кои живеат во Монте Карло со својата мајка, не решат дали сакаат да тргнат по стапките на својот татко.

Дотогаш Пимента ќе продолжи со работата, а најважен ќе биде трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во текот на летото.

Трансферот би требало да изнесува 150 милиони евра, а според последните информации прв фаворит за потписот на Норвежанецот е Манчестер сити.

Рафаела е блиску и до Пол Погба, кој исто така ќе биде една од трансфер-бомбите ова лето, бидејќи му истекува договорот со Манчестер јунајтед.

Заедно со Рафаела, важна улога во работите на клиентите на Мина Рајола, по неговата смрт, ќе има и неговиот братучед Енцо Рајола, кој се грижеше за интересите на италијанските фудбалери и кој детално ја научил работата со Мино во текот на годините.

Освен Халанд и Погба, клиенти на Рајола беа Златан Ибрахимовиќ, Марио Балотели, Матијас Де Лихт, Џанлуиџи Донарума, Марко Верати, Стефан де Врај, Мојз Кин, Алесио Ромањоли, Рајан Гравенберх, Хенрик Мхитарјан…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот