Кој беше Мино Рајола: Почна како келнер, го смируваше Ибра, зборуваше 7 јазици..!

Со неговото прерано заминување, фудбалот остана посиромашен, Мино Рајола/Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Мино Рајола, најмоќниот фудбалски агент, почина на 54-годишна возраст, што по низа контроверзии го потврди и неговото семејство. Веста за неговата смрт, а потоа и борбата за живот во критична состојба, во четвртокот го потресе фудбалскиот свет.

Дека Рајола починал пренесоа сите светски медиуми, но тогаш тој самиот се огласи на социјалните мрежи објавувајќи дека сè уште е жив. Два дена подоцна, семејството на Мина Рајола потврди дека се случило најлошото. Претходните денови беше во болница, се бореше за живот, но за жал не издржа неколкумесечна борба со болеста.

Рајола е во менаџмент бизнис од 80-те години во Холандија. Прво беше асистент во некои од трансферите на големите холандски фудбалери, додека не ја започна својата менаџерска приказна. Роден во 1967 година во Салерно, јужна Италија. Неговите родители наскоро се преселиле во Холандија, каде таткото на Мино развил успешен бизнис.

Мино работел како келнер во семејниот бизнис, а во исто време завршил средно образование и две години студирал право. Фудбалот некако му се наметна, играше во холандски Харлем во помладите категории, па на само 18 години стана тренер на помладата екипа.

Набрзо премина во менаџерски води и почна да работи како агент. Беше претставник на многу ѕвезди како Пол Погба, Марко Верати, Матијас де Лихт, Џанлуиџи Донарума, а најголеми секако се Златан Ибрахимовиќ и Ерлинг Халанд.

Наводно, неговата заработка била измерена на повеќе од 70 милиони долари, додека вредноста на договорите во кои посредувал била повеќе од 700 милиони долари. Имал резиденција во Монако, каде престојувал кога не бил на пат. Со оглед на тоа што ги реализираше некои од најскапите трансфери во историјата на фудбалот, тоа не беше така често.

Фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Со трансферот на Пол Погба во 2016 година од Јувентус во Манчестер јунајтед го собори рекордот со 105 милиони евра (подоцна тој рекорд ќе биде соборен со заминувањето на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони). Од таа сума што „црвените ѓаволи“ ја платија за Французинот, Рајола доби 25 милиони евра – понатаму отиде за купување на поранешниот дом на мафијашкиот бос Ал Капоне во Мајами, за кој искешира девет милиони евра.

Рајола освен што го носи епитетот на супер агент, кој во фудбалот ги има многу малку, беше препознатлив по остриот јазик, но и фактот дека знаеше да зборува на дури седум јазици – англиски, холандски, шпански, француски, германски, португалски и италијански. Веројатно, меѓу другото, тоа беше и еден од тајните успеси..

Неговата врска со Златан Ибрахимовиќ е посебна приказна, бидејќи не е лесно да се справиш со егото на Ибра, а тоа го опиша во својата биографска книга, каде откри како Рајола секогаш знаел на свој начин да го смири.

Фото: EPA/TONI GARRIGA

– Облеков убава јакна Гучи, имам златен часовник, паркирав „Порше“ пред влезот во барот. Очекувам менаџер, но наместо човек во костум, дојде сосема друг човек. Обична јакна, „Најк“ патики, со огромен стомак, ми се чинеше дека е еден од „Сопранови“.

Рајола не го интересираше формата, туку суштината, а Ибрахимовиќ потоа го советуваше да се откаже од размислувањата за пари, туку да работи на себе.

– Ако си најдобар, сè друго ќе дојде со тоа, а ако бркаш по пари, нема да добиеш ништо, дали го разбираш тоа? Мораш да ги продадеш сите свои автомобили, часовници и да почнеш да тренираш трипати понапорно, затоа што во моментов си статистички очаен – му рекол Рајола еднаш на Златан.

Тој не се двоумеше да влезе во конфликти со големи клубови како Манчестер во врска со Пол Погба. Не му беше тешко да се налути на Пеп Гвардиола, кога можеше да каже дека е фантастичен како тренер, но како човек беше „апсолутна нула, кукавица, куче“.

Фото: EPA/OLIVIER ANRIGO

Дека никого не заобиколува сведочи неговиот конфликт со Флорентино Перез, на кого отворено му кажа дека ги користи фудбалерите како ракавици, штом не му се допаѓа, ги менува за друг пар. Факт е дека Рајола имаше свој „дел“ од полемики поради што беше испрашуван, како и суспендиран во Италија на неколку месеци.

Сето тоа не го спречи да стане еден од најголемите мајстори на својата работа, во која не избираше средства за да стигне до целта. Со години успешно ги застапува интересите на своите клиенти и им овозможува најдобри финансиски услови, а омилени деловни клубови му биле Јувентус, Манчестер јунајтед, Милан, Барселона. Со неговото прерано заминување, фудбалот остана посиромашен за една единствена личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот