Почина Мино Рајола, еден од најпознатите фудбалски агенти во светот

Мино Рајола се грижеше за кариерите на дел од најдобрите фудбалери на светот/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Фудбалскиот агент Мино Рајола почина во 54 година од животот, тоа денеска го објави неговото семејство преку социјалните мрежи.

Пред два дена беше објавено дека е починат еден од најпознатите фудбалски агенти, а потоа самиот тој демантираше дека не е точна ваквата информација.

Потсетување дека тој беше хоспитализиран во Милано во јануари и опериран, но природата на болеста не беше откриена, закрепнуваше во својот дом. Има информации дека Рајола имал сериозни проблеми со белите дробови.

Беше една од највлијателните фигури во фудбалот, посредувајќи мега-зделки во кои се вклучени некои од најистакнатите играчи. Беше претставник на ѕвезди како Пол Погба, Ерлинг Халанд, Златан Ибрахимовиќ, Ромелу Лукаку, Марио Балотели, Марко Верати и Хенрих Мхитарјан.

– Во нашата бескрајна тага, ја споделуваме смртта на најгрижливиот и најпрекрасен фудбалски агент што некогаш бил. Мино се бореше до крај со истата сила што ја стави на преговарачките маси кога ги претставуваше нашите играчи. Како и обично, Мино нè направи горди, но никогаш не го сфати тоа.

Делото на Мино допре многу животи и напиша ново поглавје во историјата на модерниот фудбал. Ќе ни недостасува засекогаш. Мисијата на Мино да го направи фудбалот подобро место за играчите ќе продолжи со истата страст. Им благодариме на сите за огромната поддршка што ја добивме во овие тешки моменти и молиме за приватноста на семејството и пријателите во ова време на тага – стои во објавата на официјалниот профил на Рајола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот