ФОТО | Борис Бекер стана татко по петти пат: Со 23 години помладата сопруга ја добија ќерката Зои Виторија
Легендарниот германски тенисер Борис Бекер по петти пат стана татко, а убавата вест ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи. Неговата сопруга Лилиан ја роди нивната ќерка, која доби симболично име — Зои Виторија Бекер — и тоа само еден ден пред тенисерот да го прослави својот 58. роденден.
Препорачано
View this post on Instagram
Бекер објави емотивна фотографија на Инстаграм, на која се гледаат испреплетените раце на родителите и малечкиот длан на новороденчето. Под фотографијата, која веднаш собра илјадници честитки од целиот свет, тој ја напиша кратката, но значајна порака: „Добредојде на свет, Zoë Vittoria Becker“.
Ова е прво заедничко дете на Борис и неговата трета сопруга, Лилиан де Карвальо Монтеиеро — експертка за проценка на политички ризици, која е 23 години помлада од Бекер. Двојката живее во Милано и во последните години ужива во посмирен семеен живот, по турбулентниот период кој тенисерот го помина.
Изборот на името на девојчето, како што откриваат блиски до парот, носи силна симболика. Името Зои на грчки значи „живот“, а Виторија на латински означува „победа“ — комбинација што многумина ја толкуваат како знак за нов почеток за Бекер.
View this post on Instagram
Борис и Лилиан ја крунисаа својата љубов со раскошна свадба во Портофино во септември, каде три дена славеа со околу 150 гости. Во текот на бременоста, Лилиан гордо го покажуваше трудничкиот стомак, а во октомври двојката уживаше на романтично патување, подготвувајќи се за пристигнувањето на својата принова — која сега е центарот на нивниот свет.


