ФОТО: „Биковите“ знаат кој ќе биде наредниот клуб на Халанд!?

Ерлинг Халанд има нов спонзор/Фото: EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Норвешката ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд во иднина ќе го облече дресот на Ливерпул.

Така, барем тврди спортскиот директор на австрискиот клуб Ред Бул Салцбург или популарните „црвени бикови“, Кристоф Фројнд, а тоа воедно би значело враќање во својата родна земја, односно Халанд е роден во Лидс, Англија.

– Може да игра за било кој клуб на светот. Со таков менталитет и самодоверба која ја има, може да биде хит во европскиот фудбал во наредните години – рече Фројнд.

На прашањето каде би можел играчот да ја продолжи кариерата:

– Мислам дека тој ќе оди во Ливерпул, всушност јас сум убеден во тоа – вели спортскиот директор на Салцбург.

Потсетување, Халанд има 20 години, а за норвешката репрезентација играше до сега седумпати, со шест постигнати голови. Странските медиуми го поврзуваа со трансфер во редовите на Реал Мадрид, но најверојатно ќе се пресели во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот