ФОТО | Неверојатно дело! Автопортрет на Фрида Кало продаден за рекордни 35 милиони долари

фрида кало diego y yo
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Автопортрет на мексиканската уметница Фрида Кало е продаден преку аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари (25 милиони фунти). Ова е највисоката цена платена на аукција за дела од Латинска Америка.

фрида кало diego y yo
EPA-EFE/ANDY RAIN

Рекордот претходно го постави делото на Диего Ривера, со кој Фрида Кало имала со децении долга турбулентна врска.

Неговото дело беше продадено за 9,76 милиони долари во 2018 година.

Сликата на Фрида Кало „Диего и јас“ беше еден од нејзините последни автопортрети.

фрида кало diego y yo
EPA-EFE/JASON SZENES

Делото ја прикажува расплаканата Фрида Кало со сопругот Ривера насликана над нејзините очи.
„Имав две тешки несреќи во животот“, велела Фрида. „Првата беше кога ме прегази трамвај, втората беше Диего“.

„Сотби“ го опиша како „едно од најважните дела на Фрида Кало што некогаш биле ставени на аукција“.

Купувачот е идентификуван како Едуардо Косантини, кој основал музеј во Аргентина, пишува „Њујорк тајмс“.

Сликата последен пат беше продадена на аукција во 1990 година за 1,4 милиони долари.

фрида кало diego y yo
EPA-EFE/ANDY RAIN

Фрида Кало, која важи за една од најголемите сликари на 20 век, беше позната по своите многу лични автопортрети полни со болка и изолација.

Таа живееше од 1907 до 1954 година и гордо ја промовираше староседелската мексиканска култура преку својата уметност.

Нејзините дела хронолошки ги прикажувале нејзините маки и болки во телото бидејќи ја преболувала детската парализа и се здобила со тешки повреди во несреќата кои речиси ја направиле целосен инвалид.

ФРИДА КАЛО, живот во болка: Мојот живот е спонтан абортус, а уметноста е раѓање (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот