Вандализирана автобуска постојка во Козле / Фото: „Слободен печат“ - Методи Здравев

ФОТО | Автобуска постојка во Капиштец остана без металната клупа, некој ја откорнал

Автобуска постојка во населбата Капиштец, поточно веднаш спроти црквата „Свети Јован Крстител“, останала само со металната конструкција, откако оттаму била откорната металната клупа за седење, како и стаклата кои би требало да бидат сместени веднаш зад клупата за седење, но за жал и нив ги нема.

Вандализирана автобуска постојка во Капиштец / Фото: „Слободен печат“ – Методи Здравев
Вандализирана автобуска постојка во Капиштец / Фото: „Слободен печат“ – Методи Здравев

За среќа, вандалите „му простиле“ на кровот од оваа постојка и ја оставиле покриена за патниците да можат суви и ненаврнати да го дочекаат својот автобус, секако ако им дојде на време или ако воопшто се појави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот