ФОТО: Атиџе Муратова од „Медена Земја“ доби мебел во својот дом – и тоа во медова боја

Сузана Турунџиева повторно сподели нови заеднички моменти од дружењето со Атиџе Муратова

„Медена земја“ можеби не и ја донесе финансиската сигурност што главната протагонистка Атиџе Муратова ја очекуваше, но и донесе нови пријатели и познаници, кои се трудат да и помогнат.

Атиџе од „Медена земја“ низ солзи: Помогнете ми луѓе, се плашам за сопствениот живот

Реакции од екипата на „Медена земја“: Никој не ја заборави Атиџе

Едно такво пријателство со познатата водителка и пејачка Сузана Турунџиева и Атиџе не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика и песни.

Сузана Турунџиева денеска сподели фотографија со Атиџе Муратова со која оддаваат почит на револуционерот Гоце Делчев, убиен на денешен ден во Баница / 04 мај 2021 / Фото: Фејсбук

Главниот фокус на Сузана и сите хумани луѓе кои Атиџе ги освои со својата животна приказна во последниов период беше да и обезбедат пристоен дом.

ВИДЕО: Атиџе од „Медена земја“ доби стара куќа, со помош на Сузана Турунџиева собира пари да ја опреми за живеење

На својот фејсбук-профил Турунџиева сподели  фотографии на кои Атиџе ужива во удобноста на новиот мебел во медова боја, заблагодарувајќи се до компанијата која ги изработила специјално за хероината од филмот „Медена Земја“.

Атиџе со новиот мебел / Фото: Сузана Турунџиева

Прекрасна трпезарија во медова боја, табуретки, фотелја, масичка со огледало и уште неколку додатоци за во новата куќа кои ја усреќија Атиџе, стои во објавата на Турунџиева.

Фото: Сузана Турунџиева

Новиот дом на Атиџе Муратова се наоѓа во с. Дорфулија, Лозово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот