ФОТО: Американската полиција на коњи ги нападна мигрантите во Тексас

Американските службеници ги нападнаа мигрантите во Тексас/ Фото FELIX MARQUEZ / TANJUG/AP

Американските агенти од граничната патрола на коњи ги опколија мигрантите од Хаити, кои во голем број тргнаа кон границата со Тексас. На фотографиите може да се видат полицаец на коњ, баш како на старите западни филмови, и како тој го влече мигрантот за неговата маица во близина на реката Рио Гранде.

Поради сето ова, реагираше и Белата куќа, чија портпаролка Џен Псаки беше запрашана дали оваа употреба на коњи, а можеби и камшици, е „соодветна тактика“ во земја заснована на ропство.

Американските службеници ги нападнаа мигрантите во Тексас/ Фото FELIX MARQUEZ / TANJUG/AP

„ Ги видов снимките. Немам целосен контекст. Не мислам дека секој што ќе го види тоа видео би помислил дека е прифатливо или соодветно“ рече таа.

Повеќе од 6.000 Хаиќани и други мигранти се отстранети од камп во пограничниот град Дел Рио, Тексас, изјавија во понеделникот некои американски официјални лица, бранејќи ги своите постапки, објави Гардијан.

Американските службеници ги нападнаа мигрантите во Тексас/ Фото FELIX MARQUEZ / TANJUG/AP

Опишувајќи го инцидентот како „предизвикувачка и шокантна ситуација“, министерот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас издаде строго предупредување: „Ако илегално дојдете во Соединетите држави, ќе бидете вратени. Вашето патување ќе пропадне, ќе го загрозите вашиот живот и животот на вашето семејство “.

Американските службеници ги нападнаа мигрантите во Тексас/ Фото FELIX MARQUEZ / TANJUG/AP

Мајорка и началникот на гранична патрола Раул Ортиз рекоа дека ќе ги разгледаат постапките на службениците на коњите кои на сликите може да се види како ги туркаат мигрантите и бегалците во реката, но тие првично рекоа дека не гледаат ништо лошо врз основа на фотографиите и снимките.

Американските службеници ги нападнаа мигрантите во Тексас/ Фото FELIX MARQUEZ / TANJUG/AP

Во последните неколку недели, повеќе од 12.000 Хаиќани пристигнаа во Дел Рио, собирајќи се во огромен импровизиран камп под и во близина на мостот. Многумина се преселија меѓу двата града, барајќи храна и залихи во Мексико, додека членовите на нивните семејства чекаат во Соединетите држави. Хаиќаните мигрираа во Соединетите држави преку Јужна Америка пред неколку години, а многумина тоа го направија преку Дариен Гап, џунглата во Панама.

Американските службеници ги нападнаа мигрантите во Тексас/ Фото FELIX MARQUEZ / TANJUG/AP

Некои што дојдоа неодамна рекоа дека се плашат да се вратат поради неодамнешниот разурнувачки земјотрес на Хаити и убиството на претседателот Жоувел Моиз.

Нови проблеми за Бајден, мигрантите изградија свои кампови во Тексас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот