Нови проблеми за Бајден, мигрантите изградија свои кампови во Тексас

Мигрантите од Мексико поставија свои кампови во Тексас/ Фото SAN ANTONIO EXPRESS-NEWS / ZUMA PRESS / PROFIMEDIA

Илјадници мигранти пристигнаа под мостот што ги поврзува градовите Дел Рио во Тексас и Акуна во Мексико, а тие веќе поставиле импровизиран камп, со што му нанесоа нова главоболка на американскиот претседател Џо Бајден со кој тој ќе мора да се соочи.  

Температурите во близина на градот се искачија и до 37 Целзиусови степени, а луѓето се соочуваат со многу мали количини на храна и вода, па стотици мигранти беа принудени да го преминат Рио Гранде и да се вратат во Мексико за да се снабдат со основните намирници, кои, според новинарите на Ројтерс, не ги добиваат во САД. 

Мигрантите се претежно од Хаити, но има и лица од Куба, Венецуела и Никарагва.  

Мигрантите од Мексико поставија свои кампови во Тексас/ Фото SAN ANTONIO EXPRESS-NEWS / ZUMA PRESS / PROFIMEDIA

Тешки услови на границата  

Тешките услови на границата го одразуваат хуманитарниот предизвик со кој се соочува Бајден, додека бројот на уапсените на границата е најголем во последните дваесет години. Американските власти минатиот месец уапсија повеќе од 195.000 мигранти на границата со Мексико, според владините податоци објавени во средата. 

Мигрантите од Мексико поставија свои кампови во Тексас/ Фото SAN ANTONIO EXPRESS-NEWS / ZUMA PRESS / PROFIMEDIA

Царинската и граничната служба не одговорија на прашањето колку луѓе има во кампот во Дел Рио, а еден службеник во средата за Ројтерс изјави дека таму има околу 6 илјади луѓе.  

Граничната патрола рече дека го зголемува бројот на персонал во Дел Рио за да обезбеди „безбеден и хуман третман“. Обезбедена е вода за пиење и преносни тоалети за мигрантите, се додава во соопштението.  

Бајден отфрли многу строги мерки на Трамп  

Американскиот претседател Бајден отфрли многу од строгите имиграциски мерки воведени од неговиот претходник, Доналд Трамп.

Сепак, Бајден се најде меѓу про-мигрантските групи и некои демократи кои го критикуваат дека не направил доволно за да им помогне на мигрантите од една страна, и противниците кои велат дека неговата политика поттикнала илегална имиграција, од друга страна.

Мигрантите од Мексико поставија свои кампови во Тексас/ Фото SAN ANTONIO EXPRESS-NEWS / ZUMA PRESS / PROFIMEDIA

Дел Рио се наоѓа во областа Вал Верде, која гласаше за Трамп на изборите во 2020-та година. Некои жители на пограничниот град велат дека федералната влада ги напуштила кога станува збор за граничната безбедност.

И мигрантите и мексиканските власти велат дека во наредните денови може да се очекуваат многу повеќе мигранти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот