Убиен претседателот на Хаити: Командоси ноќе му упаднале дома

Убиениот претседател на Хаити, Жовенел Моиз/ Фото: EPA-EFE/JEAN MARC HERVE ABELARD

Претседателот на Хаити Жовенел Моиз е убиен во својот дом денес рано изутрина, потврди владата.

Моиз е убиен во својата приватна резиденција околу еден часот по полноќ.

Премиерот на Хаити Клод Џозеф потврди со соопштение дека Моиз бил убиен од група напаѓачи. Тие не се идентификувани, но се наведува дека зборувале шпански.

Првата дама на Хаити при нападот е повредена од огнено оружје, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот