ФОТО+ВИДЕО | Во земјотресот на Хаити загинаа најмалку 1297 лица

Земјотрес на Хаити. Фото: EPA-EFE/Duples Plymouth

Најмалку 1297 луѓе загинаа по силниот земјотрес што го погоди Хаити во текот на викендот, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на таа земја.

– Бројот на загинати од земјотресот се зголеми на 1297 на 15 август, се вели во извештајот за ситуацијата, ажурирајќи го бројот на повредени во земјотресот во саботата од најмалку 2800 на повеќе од 5700.

Земјотресот предизвика и огромна материјална штета, а Обединетите нации најавија финансиска помош.

– Обединетите нации ќе обезбедат најмалку осум милиони долари за помош на жртвите од земјотресот на Хаити, изјави заменик генералниот секретар, задолжен за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс.

– Одвојуваме осум милиони американски долари од Централниот фонд за итна помош за поддршка на хуманитарниот одговор на земјотресот што го погоди Хаити. Оваа сума ќе оди за жртвите од катастрофата за медицинска нега, чиста вода, привремени засолништа и санитарни услови, напиша Грифитс на Твитер.

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Хаити во саботата наутро. Епицентарот на земјотресот бил регистриран на 40 километри од Ле Квет, со население од околу 125 000 луѓе на длабочина од 10 километри. Уништени се околу 13 000 згради, вклучително и медицински и верски институции. Владата воведе едномесечна вонредна состојба.

Извор: МИА

Земјотрес на Хаити. Фото: EPA-EFE/Duples Plymouth
Земјотрес на Хаити. Фото: EPA-EFE/Duples Plymouth
Земјотрес на Хаити. Фото: EPA-EFE/Duples Plymouth
Земјотрес на Хаити. Фото: EPA-EFE/Duples Plymouth
Земјотрес на Хаити. Фото: EPA-EFE/Duples Plymouth

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот