Сако - Фото: Инстаграм/leoniehanne

ФОТО | Ако барате ново сако за пролет, овие модели вреди да ги погледнете

Со доаѓањето на пролетта гардеробата станува полесна, а сакото често е првиот слој што повторно го враќаме во секојдневните комбинации. Доволно е елегантен за на работа, но и доволно опуштен за да се носи со фармерки, фустани или здолништа во текот на денот.

Сако – Фото: Инстаграм/milicaa_22_

Токму затоа сакоата секоја сезона добиваат ново внимание во колекциите Кроевите најчесто остануваат класични, но преку боите, текстурите и деталите секогаш се појавуваат нови варијации што ги прават интересни за новата сезона.

Во пролетната колекција особено се издвојуваат моделите кои балансираат помеѓу минимализам и модерен крој.

Сако – Фото: Инстаграм/sofiya_pa
andlove.li__official

Тука се и малку пошироки силуети кои одлично изгледаат во едноставни комбинации, но и структурирани блејзери кои лесно стануваат дел од деловната гардероба.

Неутралните нијанси како беж, сива, бела и темносина се особено застапени бидејќи лесно се вклопуваат во пролетната гардероба.

Сако – Фото: Инстаграм/oliviacharlotteburton

Во исто време се појавуваат и модели во посвежи тонови кои внесуваат мала промена во секојдневниот стил.

Во продолжение издвојуваме сакоа кои ни го привлекоа вниманието и кои лесно можеме да ги замислиме како дел од пролетните комбинации.

Сако – Фото: Инстаграм/veneti.a

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот