фото: facebook.com/FudbalskiklubSarajevo

ФОТО | Агон Елези и Стефан Ристовски во тимот на колото во Босна и Херцеговина

Изминатиот викенд беше одиграно второто коло во најсилната фудбалска лига на Босна и Херцеговина.

Екипата на Сараево во чиј состав настапуваат двајца македонски интернационалци, Стефан Ристовски и Агон Елези ремизираше на домашен терен 4:4 против Радник Бијељина.

Ристовски постигна еден гол, а два пати во листата на стрелците се запиша Елези.

Редакцијата на босанскиот портал „Спорт Центар“ ги избра идеалните 11 од второто коло во новата сезона, и меѓу се наоѓаат Ристовски и Елези.

Ристовски, искусниот дефанзивец со богата кариера се претстави на публиката во босанското првенство со убав погодок во незаборавен натпревар против Радник Бијељина.

Нашиот репрезентативец Елези, 24-годишниот играч за врска постигна два гола, имаше одлични перформанси и статистика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот