ФОТО | 73 години во брак со принцот Филип: Кралицата Елизабета венчаницата ја купила со бонови

Profimedia
Profimedia

1934: Првпат се запознале на венчавка

Елизабет Александра Мери Виндзор имала 8 години кога првпат го запознала Филип на венчавката на нејзината роднина, принцезата Марин. Принцезата Елизабета тогаш не знаела дека ќе стане кралица, бидејќи нејзиниот брат Едвард бил прв во редот за престолот (Едвард абдицирал во 1936 година за да се ожени со Американката Валис Симпсон).

Фото: Профимедиа

1939: Повторно се сретнале и биле само пријатели

Базил Бутхројд, кој е специјалист за кралската биографија, напишал дека повторната средба се случила во 1939 година. Средбата резултирала со размена на писма меѓу Филип и Елизабета. Таа тогаш имала 13, а тој 18 години. Тоа бил почетокот на нивната врска.

Фото: Profimedia

1946: Филип од кралот Џорџ Шести ја барал раката на Елизабета

„Бевме разделени за време на војната, тоа ни даде простор уште повеќе да се вљубиме еден во друг“, напишал Филип во писмото до Елизабета. Со оглед на тоа што Елизабета уште била млада, официјалната просидба била одложена додека кралицата не наполнила 21 година.

Фото: Profimedia

1947: Венчавката на Елизабета и Филип

Венчавката на Елизабета и Филип се одржала на 20 ноември 1947 година во присуство на 2.000 гости. По венчавката кралскиот пар, по правилата на вишата класа во тоа време, живеел во одвоени соби.

За да се ожени со Елизабета, Филип морал да го прифати британското државјанство и да се откаже од врските со Германија. На венчавката не смеел да повика никој од германската страна на семејството, па дури ниту своите три сестри (сите три сестри на Филип биле омажени за германски нацисти).

Бидејќи се венчале во 1947 година, кога во Британија сè уште владеела поствоената немаштија, Елизабета, како и сите други невести, морала да го купи материјалнот за венчаницата со бонови, кои ги имала заштедено, а владата ѝ доделила дополнителни 200. Со желба да ѝ помогнат, Британците на принцезата ѝ пратиле уште стотина купони, но таа на сите им ги вратила по пошта, со благодарница.

Фустанот од кинеска свила, украсен со цветен вез и кристали и вел од скоро пет метри, бил креиран од Норман Хартнел според сликата „Пролет“ на Ботичели, а ја шиеле 350 жени, цели седум недели.

Фото: Profimedia

Елизабета и Филип во текот на 73-те години брак, ги добиле принцот Чарлс на 14 ноември 1948 година, принцезата Ана на 15 август 1950 година, принцот Ендрју на 19 февруари 1960 година и принцот Едвард на 10 март 1964 година.

Фото: Profimedia

Елизабета и Филип се роднини

Двајцата влечат потекло од кралицата Викторија, која владеела со тогашната огромна британска монарија во 19 век. И покрај кралската крв, тие растеле потполно различно, Елизабета во благосостојба, со дадилки и приватни учители, а Филип најчесто во беспарица.

Фото: Profimedia

Ред на наследување на британскиот престол по Кралот Чарлс

Факти за кралицата Елизабета: Само Луј XIV владееше подолго од неа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот