ФОТО: „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“ – патувачка изложба на Државниот архив

Фото: Државен архив

Со над 300 архивски документи и фотографии, на 1 август пред Македониумот во Крушево беше отворена изложбата „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“, организирана од Државниот архив по повод манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. Како што соопштија од Државниот архив, документите се дел од архивските фондови, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград.

Фото: Државен архив

Драго ми е што и оваа година Државниот архив е присутен со свои проекти на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. Оваа изложба ги прикажува: создавањето на македонската револуционерна организација, церемониите на заколнување на членството, дисциплината и солидарноста на Организацијата, нејзината структура, познатите војводи и револуционери, подготовките за Илинденското востание, текот и клучните вооружени борби со турската војска. На неколку паноа се прикажани и активностите што следувале по востанието, неговите последици и ефекти, како и конзулските известувања и објавите на светските печатени медиуми за него, изјави директорот на Државниот архив, Емил Крстески, по повод отворањето на оваа изложба во Крушево.

Фото: Државен архив

Идната недела изложбата ќе биде поставена во НУ Музеј на македонската борба во Скопје, а поради големиот интерес, изложбата ќе биде претставена во повеќе градови во државата.

Фото: Државен архив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот