Формиран кошаркарски гигант на Балканот

Новиот клуб кој ќе се натпреварува во регионалната АБА лига иво кошарското првенство на Словенија, ќе се вика Цедевита Олимпија Љубљана,

Претседателите на двата клуба по неколкудневни преговори најдоа заеднички јазик да формираат еден клуб кој сигурно би бил голем фаворит во сите натпреварувања.

– Ова го работиме бидејќи ја сакаме кошарката. За прв пат во Европа, се фузираат два клуба од две различни држави. Ова не е доаѓање на уште еден спонзор во Олимпија ниту пак одлевање на капиталот од една во друга држава, ова е рамномерно фузирање на два клуба кои имаат свое „јас“. Не бевме задоволни од односот на градот Загреб кон нас. Не можевме да го добиеме статусот кој со своите игри сигурно го заслуживме – изјави претседателот на Цедевита, Емил Тедески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот