Фон дер Лајен: Старите луѓе треба да останат во изолација до крајот на годината

Контактите на старите лица во Европа со другите треба да останат ограничени барем до крајот на годината заради епидемијата на коронавирусот, предупреди претседателката на Европската комисија.

„Без вакцина, треба да ограничиме што е можно повеќе контакти со постарите лица, особено со оние кои живеат во домови за нега на стари лица”, рече Урсула фон дер Лејен за германски Билд.

„Знам дека е тешко и дека тежи изолацијата, но тоа е прашање на живот и смрт. Мора да останеме дисциплинирани и трпеливи”, рече таа.

„Децата и младите ќе уживаат поголема слобода во движењето отколку постарите и оние со хронични заболувања”, истакна шефицата на ЕК.

Таа додаде дека се надева дека ќе се развие вакцина од европска лабораторија до крајот на годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот