Фон дер Лајен: ЕУ во моментов не може да испорача вакцини на посиромашните земји

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Постои голем притисок врз земјите-членки да набават вакцина за себе, рече Фон дер Лајен за „Функе медиа груп”.

Европската унија во моментов не може да донира вакцини против  коронавирус на посиромашните земји, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Постои голем притисок врз земјите-членки да набават вакцина за себе, рече Фон дер Лајен за „Функе медиа груп”.

Сепак, шефицата на ЕК ја нагласи финансиската поддршка на Унијата за иницијативата Ковакс и напорите на Светската здравствена организација да им се обезбеди пристап до вакцините на посиромашните земји.

– Европската унија инвестираше 2,2 милијарди евра во оваа иницијатива. Ковакс веќе испорача 30 милиони дози во 52 земји, рече Фон дер Лајен.

Механизмот што и овозможува на Унијата да споделува вакцини директно со другите земји нема да започне, како што рече шефицата на Комисијата, „сè додека немаме подобра состојба на производство во ЕУ”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот