Фламенго е првиот финалист на Светското клупско првенство! (ВИДЕО)

фото: твитер

Дебитантот Фламенго успеа во првата полуфинална битка на Светското клупско првенство да го совлада Ал Хилал после пресврт со резултат 3:1.

На дуелот во Доха прв поведе азискиот шампион, односно екипата од Саудиска Арабија во 18. минута, кога Салем Ал Давсари ја искористи асистенцијата на Ал Бурајк и го совлада Диего Алвес.

После паузата, Бразилците веднаш уште на самиот старт од вториот дел израмнија преку Жоржијан де Араскаета кој ја круниса фантастичната акција на своите соиграчи и додавањето на Енрике на петерецот.

На пресврт се чекаше до 78. минута, а тогаш Енрике се најде во улога на стрелец. Рафиња од десната страна одлично центрираше до бразилскиот напаѓач, кој со глава ја смести топката во противничката мрежа.

Конечниот резултат го постави Албулахји, со автогол во 82. минута. Само 60 секунди подоцна Ал Хилал остана и без еден играч на теренот, поради црвениот картон на Кариља.

Второто полуфинале е закажано за в среда (18.30 часот) меѓу екипата на Монтереј од Мексико и европскиот шампион Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот