ФК Вардар: Имавме срамно и непрофесионално судење против Шкендија! (ФОТО)

Фото: fkvardar.mk

Вардар во саботата загуби убедливо во дербито на колото во Првата македонска фудбалска лига со 1:5 од Шкендија. „Црвено-црните“ им ја честитаат победата на ривалите, но не се задоволни од судењето.

Судиска правда на овој меч делеше Марјан Гоцевски кој според фудбалскиот клуб Вардар целиот натпревар го водеше срамно и тотално непрофесионално.

Шкендија пукна „петарда“ во дербито против Вардар

– ФК Вардар, актуелен освојувач на ПМФЛ и најтрофеен фудбалски клуб во Македонија е должен да реагира на судиските лакрдии од страна на арбитрите на натпреварот против Шкендија.

Би сакале да ја информираме јавноста дека Судиската четворка предводена од Гоцевски Марјан (син на член на судиски одбор на ФФМ и воедно прогласен за најдобар судија за 2019 година) целиот натпревар го водеше срамно и тотално непрофесионално. Во два наврати на очигледни ситуации за пенал во корист на ФК Вардар останаа неми и директно влијаеа на конечниот резултат, првата најстрога казна беше на егал резултат, а вториот на минимално водство на противникот. Како спорна ја наведуваме и ситуацијата при постигнување на третиот гол на противникот да биде реализиран од офсајд ситуација.

Фото: fkvardar.mk

Без да должиме, бараме под итно Судиската комисија при ФФМ да излезе со свое видување за овој преседан. ФК Вардар во неколку натпревари е оштетуван драстично но сега веќе мораме да реагираме со цел да ги заштитиме играчите и стручниот штаб. Сакаме на целосното раководство на ФФМ да им потенцираме за судиските неправди, да бидат свесни и да превземат соодветни мерки за судиите кои константно влијаат на конечните резултати на многу натпревари во тековната сезона.

Сезонава, како никогаш досега реагираат повеќе од половината прволигашки екипи на нееднаквиот третман во делењето на правдата на натпреварите. Сето ова наведува дека г-дин Божиновски и тоа како треба да реагира. Решение мора да се најде во спротивно ние како клубови ќе мора да најдеме начин како да се заштитиме од овие намерни грешки на дел од судиите кои имаат за цел директно да наштетат на одредени клубови.

НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МОМЕНТИ ОД НАТПРЕВАРОТ ВАРДАР-ШКЕНДИЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

ФК Работнички: Скандал во Кратово, исклучени камери, нерегуларен гол..! (ФОТО)

Сакаме да изразиме целосна подршка на стручниот штаб и на играчите на ФК Вардар, нивниот напор и залагање на натпреварот се беспрекорни и препознаени од спортската јавност.

Воедно уште еднаш сакаме да им ја честитаме победата на ФК Шкендија, клуб кој поседува голем тимски и индивидуален квалитет. Со ова известување не бараме алиби за високиот пораз, но истовремено се извинуваме на нашите навивачи со обврска напорно да работиме и до крајот на оваа полусезона да освоиме што е можно повеќе бодови и да напредуваме на првенствената табела – се вели во соопштението на АД ФК Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот