Фото: fkpobeda.mk

ФК Победа Прилеп: Кон домашната публика беа фрлени шишиња од страна на играчи и членови на гостинскиот тим

Фудбалерите на Шкендија Арачиново минимално триумфираа со 1:0 на гостувањето во Прилеп над Победа во рамките од Втората македонска лига.

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново, кој моментно е на врвот во шампионатот, по мечот во Прилеп веднаш се огласи поради инцидентот во кој едно лице се обиде да влезе насилно во соблекувалната каде што беа играчите на гостинскиот тим. Повеќе ТУКА

Реакција има и од ФК Победа кој ја информира јавноста дека прилепскиот клуб уште еднаш покажа високо ниво на организација при одигрувањето на натпреварот против екипата на Шкендија Арачиново, кој се одигра во фер и спортска атмосфера сè до последниот свиреж на судијата.

Иако мечот помина без поголеми проблеми на теренот, по неговото завршување настана инцидент предизвикан од провокација на дел од гостинската екипа. Според присутните сведоци, кон домашната публика беа фрлени шишиња од страна на играчи и членови на гостинскиот тим, што предизвика реакција од дел од прилепската публика. Навивачите на Победа, испровоцирани од ваквиот потег, спонтано реагираа, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето и присутните редари, како и полицијата.

Од клубот ФК Победа истакнуваат дека натпреварот бил организиран според сите пропишани стандарди и мерки за безбедност, и дека инцидентот настанал исклучиво како резултат на несоодветното однесување на гостинската екипа по завршувањето на мечот. И покрај непријатниот епилог, прилепскиот клуб останува посветен на спортскиот дух, фер-плејот и почитта кон сите противници, со надеж вакви појави да не се повторуваат на фудбалските терени – стои во реакцијата на ФК Победа Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот