Фото: KF Shkëndija Haraçinë 77

Реакција од ФК Шкендија Арачиново: Расните навреди и провокациите не му помагаат на фудбалот

Фудбалерите на Шкендија Арачиново славеа во деветтото коло од Втората македонска лига на гости во Прилеп против Победа со резултат 1:0.

По овој триумф играчите на Шкендија Арачиново остануваат лидери во шампионатот.

По завршувањето на мечот во Прилеп, настана инцидент во кој едно лице се обиде насилно да влезе во соблекувалната на ФК Шкендија Арачиново.

Веднаш се огласи ФК Шкендија Арачиново на социјалните мрежи:

Сцените видени на стадионот во Прилеп не личат на фудбалот и спортскиот дух што треба да го претставува овој спорт. Она што се случи на трибините и околу теренот не се глетки што треба да се прикажуваат на фудбалски натпревар.

Расните навреди, провокациите и лошото однесување не му помагаат на спортот – напротив, го оштетуваат имиџот на фудбалот, клубот и самото натпреварување. Како клуб, силно ги осудуваме овие срамни постапки што го нарушуваат достоинството и безбедноста на нашите играчи и навивачи.

Бараме од Федерацијата да преземе соодветни мерки и да им додели заслужени казни на организаторите на овој натпревар, за да не се повторат вакви настани. Фудбалот е игра што обединува – а не да разделува – стои во реакцијата на ФК Шкендија Арачиново.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот