ФИТР ќе финансира идеи за поефикасно справување со коронавирусот

Избраните решенија треба да бидат целосно и бесплатно достапни за граѓаните во државава,а за во сранство политиката ја дефинира носителот на проектот.

Граѓаните и фирмите до 23 март на полноќ можат да предложат дигитални алатки за поквалитетно поминување на времето во тек на панедемијата со коронавирусот и за почитување на мерките за превенција и препораката за останување дома. Идеите и решенијата за поефикасно справување со корона вирусот ќе бидат финансирани од ФИТР од каде објавија повик за кој се одвоени 10 милиони денари.

Се бараат решенија за полесно следење и ажурирање на информациите од властите поврзани со вирусот и превентивните мерки, за справување и превенција со ширење на лажни вести, за помош на лиоца со потреби со целосно почитување на превентивните мерки, за справување со предизвиците со воспитно образовниот процес, за следење на извршување на работните обврски од дома и во јавниот и во приватниот сектор.

-Може да се достават решение за квалитетно искористување на сободното време, што е особено предизвик за семејствата со помали деца, тука зборуваме за дигитални книжарници, игри, поврзување, натпревари,не поминување на време на на фејсбук и игри, решенија за одржување на физичка кондиција и дух,  рече директорот на ФИТР Јован Деспотовски на он лајн прес-конференција.

Тој истакна дека рокот за изработка на краток концепт е 72 часа и е сосема доволен. Очекува солиден број предлози, меѓу кои и од поединци.

Избраните решенија треба да бидат целосно и бесплатно достапни за граѓаните во државава,а за во сранство политиката ја дефинира носителот на проектот.

Деспотовски најави дека ФИТР веќе работи на неколку можни решенија или мерки што ќе и ги понуди на Владата во наредните денови, а во насока на превенција односно надминување на негативните ефекти од кризата со коронавирусот,  но и за поттикнување на економијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот