Финансиски скандал во Монако: Принцезата Шарлин трошела повеќе од милион евра годишно, принцот Алберт ја брани

принцеза шарлин, принц алберт
Принцезата Шарлин и принцот Алберт во 2020 година / Фото: EPA-EFE/ERIC GAILLARD

Принцот Алберт од Монако по повод својот 66-ти роденден даде интервју за „Пари мач“ (Paris Match). Неодамна поранешниот сметководител го обвини за финансиски неправилности, па во текот на интервјуто принцот се осврна на неговите обвиненија. Принцот изјави дека неговото семејство и јавноста го поддржале, меѓутоа, тој призна дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, е исклучително вознемирена поради тоа.

– Шарлин беше многу вознемирена и тажна поради одредени работи што се појавија во медиумите. Но, ние се поддржувавме меѓусебе. Таа се врати на многу свои активности, презема повеќе јавни ангажмани, на општо одушевување на сите – изјавил принцот Алберт.

Принцот Албер зборувал за тоа два месеци откако неговиот поранешен сметководител Клод Палмеро тврдеше дека личните трошоци на принцезата Шарлин скокнале на повеќе од милион евра годишно. Палмеро (67) беше задолжен за финансиите на кнежевското семејство од Монако повеќе од 20 години, но се повлече во јули. Протечените документи го обвинуваат семејството и дека наводно вработувало нелегални имигранти.

Принцезата Шарлин ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“, поради нејзиното наводно постојано лошо расположение, како што се говори. И за нејзиниот брак со Албер често се јавуваат гласини дека е во криза, но кнежевската двојка и понатаму се појавува заедно во јавноста.

Љубовната приказна зад солзите: Зошто принцезата Шарлин е „најтажната принцеза на светот“?

„Најтажната принцеза на светот“: Веќе не чувствувам толку голема болка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот