„Најтажната принцеза на светот“: Веќе не чувствувам толку голема болка

Принцезата Шарлин на божиќна прослава / 14 декември / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER / POOL

Принцезата Шарлин од Монако, која е позната и како „најтажната принцеза на светот“, направи ексклузивно интервју со локалниот весник „Монако матин“, во кое проговори за здравствените проблеми кои ја оддалечија од кралските обврски.

„Прво, би сакала да кажам дека денес се чувствувам многу подобро отколку во последните неколку години. Чувствувам помалку болка и имам многу повеќе енергија“, рекла Шарлин и додала: „Продолжувам да закрепнувам, сакам повторно да воспоставам рамнотежа. Ќе ми биде потребно време, но јас сум среќна. Моето семејство, а и луѓето кои ги сакам се мојата карпа. Ѝ се приближувам на иднината, чекор по чекор, ден за ден.“

Исто така, таа зборувала и за идните улоги на нејзините деца, принцот Жак и принцезата Габриела, и додала дека тие се „родени со обврски и должности“, но и дека сѐ уште учат за своите кралски улоги.

„Кога треба да одиме на некој настан со мојот сопруг, принцот Алберт, ние им ја објаснуваме природата на настанот, церемонијата. Тие сакаат да нѐ следат, ние четворицата уживаме да го правиме сето тоа заедно. Но, како што реков, тие сѐ уште се млади, сѐ уште нѐ набљудуваат и учат, пред сето тоа да им стане природно“, објаснила принцезата.

Таа нагласила и дека нејзините деца имаат свој заеднички јазик, дека се сакаат и се штитат.

„Морам да кажам дека тоа е прилично уникатна врска и ја гледам таа посебност што ја делат близнаците“, заклучила принцезата, која неодамна беше видена со сопругот и двете деца на божиќна забава.

Принцот Алберт Втори, неговата сопруга принцезата Шарлин и нивните две деца – принцот Жак и принцезата Габриела на божиќна прослава / 14 декември 2022 / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER / POOL

Љубовната приказна зад солзите: Зошто принцезата Шарлин е „најтажната принцеза на светот“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот