Љубовната приказна зад солзите: Зошто принцезата Шарлин е „најтажната принцеза на светот“?

принцот алберт принцезата шарлин
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Таа е неверојатна поранешна олимписка пливачка, а тој син на холивудската икона Грејс Кели, роден во кралско семејство – на хартија, бракот на Шарлин Витсток и принцот Алберт од Монако беше потенцијал за љубовна приказна од бајките. Но, уште од нивната свадба вредна 53 милиони фунти пред 10 години – опишана во тоа време како „најголемата забава во последните 55 години“ – двојката е контонуирано опкружена со скандали.

43-годишната Шарлин помина шест месеци во Јужна Африка борејќи се со тешка инфекција на увото, носот и грлото, откако отпатува таму за нејзината филантропска и конзерваторска работа и ја пропушти 10-годишнината од бракот и првиот ден на нивните деца на училиште.

Се шпекулираше дека нејзиното заминување се совпаднало со несогласувањето со нејзиниот 63-годишен сопруг, поради обвинувањата дека тој ја изневерил, но Алберт инсистираше на тоа дека нема проблеми во нивниот брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WorldWide Tweets (@worldwidetweets2)

Минатата недела принцезата ги пропушти прославите за Националниот ден на Монако и беше примена во установа за лекување поради неразоткриени медицински проблеми и значително губење на тежина.

Принцот Алберт беше сликан сам на балконот од нивната палата со нивните шестгодишни близнаци принцот Жак и принцезата Габриела, кои држеа табли на кои пишуваше „Ни недостигаш мамо“.

Од моментот откога се заедно, не беше тоа лесна врска – Алберт призна дека има деца од вонбрачна љубов и се ширеа гласини дека Шарлин се обидела да побегне пред денот на нивната венчавка.

После сите турбуленции внимателно разгледуваме – зошто Шарлин е „најтажната принцеза на светот“?

Плејбој Принц

Пред да се ожени со Шарлин во 2011 година, Алберт имаше репутација на „плејбој принц“. Тој наводно излегувал со низа убавици, од супермоделот Клаудија Шифер и пејачката Кајли Миног до ќерката на Бонд актерот Роџер Мур, Дебора.

Двојката првпат ќе се сретне кратко по Олимписките игри во 2000 година, каде Шарлин, тогаш 22-годишна, беше петта во штафетата 4×100 метри мешано пред да победи на 200 метри грбно на друг настан во Монако.

Се вели дека парот се поврзал поради нивната љубов кон спортот, а самиот Алберт се натпреварувал како дел од боб тимот на Зимските олимписки игри во Монако.

Тие ја официјализираат својата романса во 2006 година, таа се откажува од пливањето во 2007 година и на 23 јуни 2010 година ја објавуваат својата свршувачка – Шарлин носи веренички прстен со дијамант во форма на бадем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @albertandcharleneofmonaco

Деца од неозаконета љубов

Но, „плејбој“ минатото на принцот Алберт полека започнува да го достигнува.

Во раните денови на запознавање, Алберт – чија мајка Грејс Кели, сопруга на Рение III, принцот од Монако, загина во трагична сообраќајна несреќа во 1982 година – бил принуден да признае не едно туку две вонбрачни деца.

Во 2005 година тој призна дека станал татко на син – Александар Грималди-Кост, кој сега има 18 години – со стјуардесата на „Air France“ Никол Кост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hshprincealbertii

Една година подоцна се дозна дека тој имал и вонбрачна ќерка, Јазмин Грејс Грималди, сега 29-годишна, со американската агентка за имоти Тамара Ротоло, која најпрво поднела тужба за татковство дури во 1992 година.

Минатата година принцот се соочи со трета сага за вонбрачно дете кога една Бразилка тврдеше дека Алберт е татко на нејзината 15-годишна ќерка – обвинувања кои тој сè уште ги негира.

Принцот поднел барање за „суверен имунитет“ во судската битка за борба против тврдењата, кои неговите адвокати ги опишуваат како „измама“.

Солзи на свадбениот ден

Откако ја објавија нивната свршувачка, денот на нивната венчавка една година подоцна беше раскошен тридневен настан со листа на гости преполна со ѕвезди, меѓу кои и принцот Едвард и Наоми Кембел – со 59-годишниот руски имотен тајкун Владислав Доронин под нејзината рака.

Шарлин блескаше во фустан на „Armani Prive“ со спуштени раменици извезен со 40.000 „Swarovski“ кристали – но не можеше да престане да плаче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @couturoyal

Додека фотографиите од убавата невеста како го тапка својот образ со марамче беа брзо расплинети ширум светот, внимателните кралски фанови шпекулираа дека тоа сепак не се солзи радосници.

Францускиот весник „Le Journal du Dimanche“ тврди дека таа се обидела да побегне во Јужна Африка, каде што пораснала, дури три пати пред да се случи големиот ден, пред сепак полицијата да ја убеди да се врати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cofre Real (@cofrereal)

Официјални лица од палатата ги негираа шпекулациите, а изјавата на портпаролот своевремено вели дека ништо од тоа не е вистина и од кралските кругови сметаат дека се работи за обиди поттикнати од целосна љубомора.

Шарлин подоцна изјавува во интервју за „Тајмс“ дека сè едноставно било толку поразително, и сите измешани емоции поради гласините очигледно ја зголемиле тензијата, што ја натерало новата принцеза наместо да се радува – да се расплакува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allt om Kungligt (@alltomkungligt.se)

 

Разводот е „традиција“

Фрлајќи масло на огнот, историчарот и автор Филип Делорм изјавува за францускиот магазин „Мадам Фигаро“ дека е всушност вистина она што многу луѓе добиле впечаток дека се работи за договорен брак.

„Алберт избра сопруга која личи на неговата мајка, а Шарлин очигледно се чувствуваше многу лошо во оваа улога на Грејс Кели што сите сакаа таа да ја игра“

Подоцна се чини дека принцот Алберт признава дека медениот месец бил поминат во посебни хотели, наведувајќи „практични причини“, додека принцезата Шарлин признава дека се чувствува „многу осамено“ во Монако.

„Шарлин ќе мора да создаде легитимен наследник. Тоа е главната причина за овој чуден брак. Штом ќе се обезбеди сукцесијата на династијата, секој од нив може повторно да биде слободен. Разводот е традиција во семејството Грималди“ пишува парискиот магазин „VSD“ своевремено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gente Settimanale (@gentesettimanale)

Иако двојката има наследник во ликот на нивните шестгодишни близнаци, тие допрва ги разгоруваат гласините поврзани со нивен развод, кој сè уште се нема случено.

Да, тие живеат релативно одвоени животи – при што Шарлин вели дека претпочита да живее во стан над продавница за чоколади отколку во кралската палата, а принцот Алберт редовно е прикажуван како сам ги извршува кралските ангажмани.

 

Драматичната фризура

Во декември, Шарлин дебитираше нова драматична избричена фризура: „француска култура“ – форма која наиде на различни и збунети реакции, дури и од нејзиниот сопруг.

„Секако, од сите членови на кралските семејства, веројатно јас сум таа што пробала најразлични фризури, и ќе продолжам. Тоа е мојот избор“, изјави Шарлин во одбрана на нејзиниот гест.

Profimedia

И откако Шарлин храбро ја испарадира својата необична фризура, постепено и истовремено дојде и поизразената потреба за принцот посериозно да ја превземе улогата на татковството.

„Откако првичното изненадување помина, принцот го разбра и му се допаѓа и сега“, продолжи Шарлин.

Фото: ERIC GAILLARD / EPA;

 

Во мај, Шарлин отпатува во Јужна Африка за да ја подигне свеста за ловокрадството на носорози во Танда Сафари во КваЗулу-Натал, но не се врати шест месеци.

„Ова беше тешко време за мене. Многу ми недостигаа мојот сопруг и децата. Она што ми беше екстремно тешко беше кога ми беше укажано од мојот медицински тим дека не можам да се вратам дома за 10-годишнината од бракот“, изјави Шарлин непосредно по своето враќање.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/Phill Magakoe / POOL

Шарлин и новиот љубовен интерес

Иако постои загриженост за нивната врска, најголемата грижа е за самата Шарлин, која беше примена во болница во септември откако колабираше и беше снимена како изгледа загрижувачки изнемоштено.

„Алберт е мојата карпа и сила и без неговата љубов и поддршка немаше да можам да го пребродам ова болно време“.

Шарлин сега се одмара во непозната установа за лекување надвор од Монако, а таа последен пат се огласи на Инстаграм споделувајќи видео од веење знамиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daily Soap Dish (@dailysoapdish)

Одговарајќи на гласините дека е поврзана со милијардерот Доронин, Алберт беше категоричен дека работите се во ред меѓу него и неговата сопруга.

„Веројатно ќе го кажам ова неколку пати, но ова нема никаква врска со нашата врска. Ова не се проблеми во нашата врска; не со односот помеѓу мажот и жената. Тоа е од поинаква природа“, одговори Алберт на дискусиите околу овие шпекулации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PatRegal (@patregal)

Проклетството на Грималди

Имаше гласини дека овие последни неволји се доказ за проклетството кое тврди дека „никогаш Грималди нема да најде вистинска среќа во бракот“.

Легендата вели дека принцот Рение I киднапирал една Фламанка во 13 век, која ги проколнувала него и сите негови потомци.

Останува да видиме дали принцот Алберт и принцезата Шарлин ќе успеат да му ги скршат синџирите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот