Финансиска поддршка од 6,9 милиони евра за медицинскиот персонал во Грција

Од Фондацијата соопштуваат дека финансиската поддршка ќе биде еднакво распределена на сите вработени во Одделите за интензивна нега, како и за оние од клиниките за третман на Ковид-19 во 40 болници низ цела Грција.

Фондацијата „Ставрос Ниархос” со финансиски стимул им се заблагодарува на лекарите и медицинскиот персонал во Грција за битката со Коивд-19.

На над 4.600 лекари, болничари и хигиеничари во болниците за Ковид-19 во цела Грција на сметките ќе им бидат распределини 6,9 милиони евра, средства што ги одвојува Фондацијата „Ставрос Ниархос” во знак на благодарност за несебичната борба за секој живот.

Од Фондацијата соопштуваат дека финансиската поддршка ќе биде еднакво распределена на сите вработени во Одделите за интензивна нега, како и за оние од клиниките за третман на Ковид-19 во 40 болници низ цела Грција.

Велат дека сите, без оглед на нивната работна позиција, „го ставија и го ставаат нивниот живот во опасност за да обезбедат грижа за оние на кои им е потребна”.

-За нас, поддршката на сите лекари, болничари и хигиеничари, кои што се во првите редови во сите назначени болници за Ковид-19, беше и останува главен приоритет. Во нивните лица гледаме вистински, секојдневни херои, кои ги ризикуваат своите животи за да ги спасат животите на другите. Овој гест на благодарност, кој ќе биде поделен подеднакво на сите, е практично „благодарам” од сите нас. Тоа е најмалку што можеме да сториме за сите оние што нудат толку многу “, вели Андреас Дракопулос, претседателот на Фондацијата „Ставрос Ниархос”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот