Финалето на СП 2026 година ќе се игра во Далас пред 100.000 гледачи
Финалето на Светското првенство во 2026 година ќе се игра на стадионот „ATT“ во Далас, обави „ЕСПН“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На стадионот своите натпревари ги игра НФЛ тимот Далас Каубојс, а капацитетот изнесува 80.000 седшта, но за потребите на Светското првенство, капацитетот ќе се зголеми за дополнителни 20.000 седишта и финалето би се играло пред 100.000 гледачи.
World Cup final in Dallas? ??
(h/t @herculezg, @espnsutcliffe) pic.twitter.com/MNnkYXtaDO
— ESPN FC (@ESPNFC) September 27, 2022
Покрај САДржави, организатори на Светското првенство во 2026 година се уште и Мексико и Канада.
Мундијалот во 2026 година ќе биде прв на кој ќе учествуваат 48 репрезентации, поделени во 12 групи, а натпреварите ќе се играат на 11 стадиони во САД, три во Мексико и два во Канада.
Организаторите одлучија натпреварите да се играат на стадионите во Бостон, Њујорк, Филаделфија, Атланта, Мајами, Канзас Сити, Далас, Хјустон, Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл (САД), Торонто и Ванкувер (Канада) како и Мексико сити, Гвадалахара и Монтереј (Мексико).


