ФИЛМСКИ СЦЕНИ ВО ПОДГОРИЦА: Пијан маж со украден камион рушел сѐ што ќе му се најде на патот бегајќи од полицијата

Фото: Принтскрин/vijesti.me

Повеќе автомобили, огради од куќи и стубови во населбата Стара Варош во главниот црногорски град Подгорица вчера беа оштетени, откако извесен Горан Марковиќ (35) со украден камион бегал од полицијата, пренесуваат локалните медиуми.

Како што дознаваат „Вијести“, мажот од Подгорица направил вистински хаос со камионот, откако претходно го украл товарното возило додека неговиот шофер излегол од него да купи вода.

Марковиќ денес признал пред обвинителството дека синоќа во алкохолизирана состојба го украл камионот и со него направил хаос на улиците на главниот град на Црна Гора.

Некои од автомобилите кои му се нашле на патот целосно се хаварисани.

– Ова беа сцени како на филмовите, наводно со украден камион бегаше од полицијата, а го бркааа шест или седум патроли. Оштети повеќе автомобили на повеќе локации и удри во една ограда. Потоа, тој застана со камионот, излета од него и започна да бега – велат сведоците.

„Жалам, згрешив“, рекол Марковиќ пред обвинителката во Подгорица, тврдејќи дека е потполно свесен дека погрешно постапил. Ова го соопшти неговиот адвокат Дамир Лекиќ, кој додаде дека многу му е жал на неговиот клиент за се што се случувало таа вечер.

Обвинителката Ивана Вуксановиќ го обвини за кривичните дела „тешка кражба“ и „предизвикување на општа опасност“, притоа одредувајќи му 72-часовен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот