„Мајнкрафт“ - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Филмот „Мајнкрафт“ руши рекорди: Заработи повеќе од 300 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето

Филмската адаптација на популарната видео игра „Мајнкрафт“ е голем хит на кино благајните, со заработка од повеќе од 300 милиони долари ширум светот во првиот викенд на прикажување. Филмот за „Мајнкрафт“ влезе во историјата како филмска адаптација на видео игра со најголема заработка во првиот викенд бидејќи го надмина успехот на анимираниот хит „Сопер Марио Брос“ (Super Mario Bros), филмот од 2023 година, кој заработи 204 милиони долари во првиот викенд.

И покрај бројните одложувања, филмот конечно пристигна во кината минатиот петок, а публиката се насобра во кината, во толкав број што го собори рекордот за најгледана премиера во 2025 година, како и најмногу публика на „Ворнер Брос“ од 2023 година до денес.

Интересно, мислењата на критичарите се поделени, а филмот во моментот на пишување имаше само 47отсто оценка на „Ротен томатос“ (Rotten Tomatoes). Како што пишува „Би-би-си“, британски „Телеграф“ му доделил две ѕвезди, додека „Гардијан“ бил уште поостар со една ѕвезда, наведувајќи дека филмот „изгледа како да е склопен во последен момент“.

Но, тоа очигледно не ја спречи публиката, особено семејствата со деца, да побрзаат во кината. Според податоците на „EntTelligence“, дури четвртина од гледачите биле помлади од 13 години, а повеќе од половина биле мажи.

Во актерската екипа се познати имиња како Џејсон Момоа, Џек Блек и Џенифер Кулиџ. Филмот е снимен со буџет од околу 150 милиони долари, што значи дека веќе во првиот викенд успеал да ги поврати продукциските трошоци.

Судејќи според првиот викенд, изгледа дека филмот би можел да стане еден од најголемите хитови на годината, без оглед на бројот на ѕвезди во прегледите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот