Филипче: Во тек се анализи и планови за воведување нови мерки за сузбивање на вирусот

На денешната пресконференција министерот за здравство Венко Филипче најави дека во наредните неколку дена на јавноста ќе им се презентираат нови мерки со цел сузбивање на коронавирусот. 

Министерот посочи дека крајот на летото носи и поголем ризик за влошување на епидемолошката слика во земјата, а посочи и дека непочитувањето на мерките директно води кон зголемување на бројот на заразени со ковид-19.

-Целта на денешниот прес е да презентираме состојбата со епидемијата во нашата земја и да ги најавиме следните чекори во периодот кој е пред нас. Состојбата како и насекаде во Европа и светот се влошува како што завршува летото. Повеќе земји планираат пакет рестриктивни мерки. Ова е нешто што го најавуваме и посочувавме дека месец септември може да биде почеток на нов есенски бран. Од анализите на епидемиолошките анкети главната причина за зголемување на бројката е непочитување на мерките како групирање, семејни прослави, свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните кои очигледно заборавија на почитување на мерките – истакна Филипче.

Потоа министерот ги соопшти и мерките кои се разгледуваат и кои ќе бидат презентирани во наредните денови.

– Коронавирусот може да биде фатален за секој еден од нас. Заради ова започнавме, а во следните денови ќе ги засилиме контролиите, сие инспекторати интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се сфати сериозно. Во тек се анализи и планови за воведување нови мерки.  Наша стратегија е навремено да воведеме мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот. Целта е да се спречат рестрикции во движењето, но доколку е нужно секако дека тоа ќе го направиме. Во следните денови ќе информираме за новите мерки, а дел од мерките кои ги разгледуваме се задолжително носење маска и на отворено, ограничување на бројот на лица на маси во кафулиња, спречување на групирање на поголем број на лица, прецизен протокол за работа на угостителски објекти на затворено, намалување на капацитетите на јавниот превоз и поголеми казни за домашни собири и групирање – истакна Филипче. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот