Филипче со најголема доверба во Владата

Во најновата анкета на Телма и МЦМС министерот за здравство Венко Филипче има највисока доверба од граѓаните во споредба со други министри во Владата, а и најдобри оценки целата Владата добила токму во справувањето со пандемијата.

Во очекување на вакцинацијата против Ковид 19 што треба да стави крај на Пандемијата мнозинството граѓани во Анкетата на Телма и МЦМС се изјасниле дека не веруваат во здравствените власти дека имаат капацитет да ја спроведат. Или 60,5 отсто од испитаниците сметаат дека здравствените власти нема да можат навремено и и ефективно сите да ги вакцинираат. Сепак третина или 34,7 отсто веруваат во капацитетот на здравството, додека 4 отсто немаат став за ова прашање.

Истражувањето е спроведено од М-Проспект во периодот од 16 до 24 декември, преку телефонска анкета, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, со маргина на грешка е +/3% и на ниво на доверба од 95%.

Во најновата анкета на Телма и МЦМС министерот за здравство Венко Филипче има највисока доверба од граѓаните во споредба со други министри во Владата, а и најдобри оценки целата Владата добила токму во справувањето со пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот