Филипче најави повисоки плати за здравствените работници за 40 отсто

коронавирус ковид-19 корона лекари доктори болница лекари машина респиратор италија
Лекари во Италија / Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Тој додаде дека целосно ќе се намали бирократијата во процесот на здравствени услуги.

Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче денеска од Штип најави зголемување на платите на здравствените работници за 40 проценти, во период од четири години.

-Ќе инвестираме во човечки ресурси, секоја година ќе ги зголемуваме платите на здравствените работници и соработници за 10 проценти годишно, односно 40 проценти за четири години. Младите лекари, кои се на специјализација и се надвор од Скопје ќе добиваат 12.000 денари субвенција за решавање на станбеното прашање. Ќе го зголемиме бројот на специјализации. Младите лекари ќе имаат можност да напредуваат во науката, многу повеќе од досега, рече Филипче.

Тој додаде дека целосно ќе се намали бирократијата во процесот на здравствени услуги, односно дека ќе има електронско здравство, кое ќе обезбеди помалку бирократија, побрза здравствена услуга. Филипче потсети дека пред само три години здравствениот систем бил целосно уништен, а дека денеска, со силна волја и рационални политики обезбеден е стабилен здравствен систем кој ефикасно одговори на здравствената криза.

– За кратко време обезбедивме опрема, инфраструктура. За граѓаните обезбедивме квалитетни лекови, инвестиравме во вакцините, го проширивме опфатот на вакцинација на над 90 посто на државно ниво, преполовена е смртноста на новороденчиња, додаде Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот