Филипче: Можно е да ја укинеме партиципацијата за болничко лекување од Ковид 19

На вчерашната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче рече дека во наредните денови ќе биде направена финансиска конструкција за да се утврди дали можеби ќе биде укината партиципацијата за хоспитализацијата на пациентите што се лекуваат од ковид 19 во болниците.

Во однос на партиципацијата, ние ги покриваме трошоците со одлука на владата за сите кои не се здравствено осигурани, но можно е да земеме предвид и партиципацијата.

Ќе направиме една финансиска конструкција и тоа може за неколку дена да биде завршено, рече министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот