Фото: Ракометна Федерација на Македонија

Филип Кузмановски и Катерина Дамјаноска се ракометари на годината

На гала вечер во Скопје Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги прогласи најдобрите за изминатата натпреварувачка сезона 2024/25.

Во присуство на најистакнатите имиња од ракометната сцена, спортски работници, медиуми и гости од јавниот живот, се прослави уште една успешна ракометна година.

Настанот „Вечер на ракометари на Македонија 2025“ беше збогатен со музичка програма, специјални изненадувања и атмосфера достојна за нашите ракометари и ракометарки.

Пред изборот, церемонијата почна со едноминутно молчење во знак на почит за починатите Илија Темелковски и Александар Јовиќ, големи работници кои оставија значајна трага за македонскиот ракомет. Темелковски, постхумно, доби награда за особен придонес во ракометот.

За најдобар ракометар беше прогласен Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер, а за најдобра ракометарка Катерина Дамјаноска од редовите на ЖРК Ѓорче Петров.

Најдобри тренери во машка и женска конкуренција се Кирил Лазаров и Симе Симовски. Беа прогласени и најдобри играчи од страна на фановите, тие признанија ги добија Никола Митревски и Теодора Гулицоска. Кај мажите, номинирани беа 14 ракометари, фановите гласаа на социјалните мрежи и играчот со најмногу лајкови беше избран како најдобар по избор на публиката. И кај жените, номинирани беа 14 ракометарки, фановите на социјалната мрежа лајкнуваа на сликата на ракометарката што ја поддржуваат и бројот на гласовите одлучија која ќе биде победничка и крунисана.

Најдобри судии се Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, најдобри стрелци Давид Димевски од МРК Куманово и Марија Анчева од РК Астибо, а најдобри странци Дмитро Хориха и Ана Вранчиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот