ФИФА ќе „го убие“ фудбалот, тестира нови правила: Полувреме од 30 минути, пет минути на „ладење“ по добиен картон

ФИФА доби уште еден моќен противник во реализација на идејата СП да се игра на секои две години/ фото: EPA-EFE/STEFFEN SCHMIDT

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да направи револуција со воведување на контроверзни правила. Воведувањето на ВАР технологијата донесе повеќе негативни отколку позитивни реакции, но ФИФА со новиот сет од четири правила кои планира да ги тестира наскоро на турнирот за млади „Иднината на фудбалскиот куп“, според експертите ќе „го убие“ фудбалот.

Првото правило е две полувремиња од по 30 минути. Планот на ФИФА е да се укине полувремето од 45 минути, односно натпреварот да не трае 90 минути, а со секој прекин би се стопирало времето. ФИФА сака фудбалот да се игра како кошарката и се надева дека со новите правила нема да им „крадење“ на време и играта ќе биде подинамична.

Второто правило е неограничен број на измени. На Евро 2020 кое заврши минатиот викенд имаше по пет измени, со можност да се направи и шеста во продолженијата како еден вид превенција од потенцијални поголеми здравствени проблеми на фудбалерите поради пандемијата на коронавирусот.
Идејата со неограничени измени ФИФА засега не ја објаснува детално, но наскоро најави дека ќе ја тестира на турнирот „Иднина на фудбалскиот куп“.

Третото правило е изведување на аут со нога. Поборник на оваа идеја е поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер кој моментно е шеф за развој на фудбалот во ФИФА.
– Кога имате аут, тоа треба да претставува предност за екипата која ја има топката во посед. Но, всушност вие сте во неповолна ситуација со девет играчи наспротив противничките десет. Поради тоа веруавм дека мора да размислиме како играта да ја направиме побрза и поспектакуларна – е ставот на Венгер.

Последното правило кое ФИФА ќе го тестира е суспензија од пет минути за добиен жолт картон.
На турнирот за млади „Иднина на фудбалскиот куп“ наводно ќе бидат воведени петминутни суспензии за секој играч кој ќе добие жолт картон. Засега не е познато дали по евентуално втор жолт картон, фудбалерот ќе биде исклучен.

Екипите на ПСВ, АЗ Алкмар, Лајпциг и Бриж ќе учествуваат на турнирот за играчи до 19 години каде ФИФА ќе ги тестира споменатите правила.

Но, реакциите на фановите не се онакви какви што се надеваше ФИФА.
Честитаме ФИФА, тукушто го убивте фудбалот“, „Апсурдни промени, зошто луѓето се трудат да ја уништат оваа преубава игра?“, Ова е поинаков спорт од фудбалот“, „Почивај во мир, преубава игро“, се само дел од коментарите кои доволно јасно по покажуваат мислењето на фудбалските фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот