ФИФА го менува почетокот на Мундијалот само за Катар да го игра првиот натпревар

Катар ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство 2022/фото: EPA/STR

Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука Светското првенство што оваа година ќе се одржи во Катар, да започне еден ден порано од предвиденото.

Мундијалот требаше да започне на 21 ноември, но ќе биде поместено за еден ден порано поради домаќинот.

Имено, ако Мундијалот започне на 21 ноември, ќе биде отворен со натпреварот од групата Ц меѓу Холандија и Сенегал, но организаторот издејствува ФИФА да ја промени одлуката за да може Катар да го игра првиот натпревар. Досега, Светските првенства биле отворани со натпреварите на домаќинот или на светскиот шампион.


Со новиот термин, 20 ноември, Мундијалот ќе го отвори домаќинот Катар кој во рамки на групата А ќе игра против Еквадор.

Конечниот збор треба да го даде ФИФА, но светските медиуми тврдат дека одлуката ќе биде потврдена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот