ФИФА ги усвои новите правила за Светското првенство во Катар

Ќе може да се користат пет замени на Мундијалот 2022 во Катар/фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) денеска одлучи репрезентациите дека можат да имаат по 26 играчи на Светското првенство во Катар, со цел да им помогнат на тренерите и играчите за време на пандемијата на коронавирусот.

Овој потег се очекуваше од Бирото на ФИФА, откако шест конфедерации го проширија списокот за време на континенталните првенства. УЕФА го прошири списокот и за Европското првенство минатата година.

Зголемувањето на бројот на играчи им олеснува на тренерите да се справат со можни позитивни случаи на ковид-19.

Репрезентациите наместо три на натпреварите од Мундијалот ќе можат да користат пет измени.

ФИФА ги донесе овие промени кои започнаа како привремено правило во 2020 година, со цел да се намали товарот на играчите во згуснатиот распоред на натпревари за време на пандемијата.

Видео на денот